Возачот на автомобилот Нисан Мирзад Бркиќ (28), инаку син на фолк пејачката Ханка Палдум во вторникот вечерта повреди три жени во сараевската населба Грбавица.
Сараевската полиција потврди дека крвната анализа покажала присуство на наркотици, поточно психоактивна супстанца амфетамин.
Тој по наредба на обвинител е уапсен за кривично дело против безбедноста во сообраќајот.
Во оваа несреќа се повредени три жени А.Ж. (1960), И.К.(1962 и М.Џ. (1955) кои по сообраќајакта се префрлени во Клиничкиот центар во Сараево.
Две од нив се задржани на лекување во болница, а третата е пуштена на домашно лекување.