Синот на Рамбо пронајден мртов


Додека легендарниот акционен херој Силвестер Сталоне го промовираше новиот хит „Потрошливите 2“ (Тhe Expendables 2) , полицијата на Лос Ангелес го пронашла трупот на најстариот негов син, Сејџ Сталоне(36), како лежи во неговиот апартман.

Од полицијата не даваат информации за причините за смртта, но се претпоставува дека се работи за труење со апчиња.

Сејџ Сталоне последен пат е виден на Комик Кон во Сан Диего како со неговиот татко го промовира филмот „Потрошливите 2“.

Тој е актер и продуцент, а неговата кариера ја започнал со филмот „ Роки 5“, каде главната ѕвезда е неговиот татко. Како продуцент и режисер се појавува во филмовите „Алан Јатес“ од 2005 година и „Вик“ од 2006.

Портпаролот на семејството Сталоне за медиумите изјави дека Силвестер е скршен од болка, поради загубата на најстариот син и дека во овие тешки моменти, се што сака е да биде со семејството и мајката на Сејџ, Саша.

Од прес канцеларијата на Комик Кон изјавија дека до крајот на фестивалот ќе биде поставен меморијален споменик и книга на жалост на местото каде што за последен пат бил виден Сејџ, за сите фанови да можат да ја искажат својата почит кон него.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1