Снимките од рускиот дрон кој летал над Сирија покажуваат застрашувачки сцени од уништени делови од големите градови како Хомс и Дамаск.
На снимките се гледаат населби кои се целосно уништени, згради кои се празни и распаднати, а речиси да нема ниеден човек на улиците
Сирија се наоѓа во војна од 2011. година, кога бунтовниците тргнале во пресметка со силите за безбедност под команда на претседателот Башар ал Асад.
Масло на огнот додала и Исламската држава, која сакала да го искористи беззаконието и да воспостави своја власт на принципите на шеријатското право.