Сите ,,бламови,, на нашите амбасадори


Тепачки, мобинг, љубовни афери, пијанство, вработување роднини по амбасади, терање бизнис на сметка на амбасадорската функција се само дел од скандалите на наши амбасадори, кои ги полнат медиумите години наназад.

Новинарката Ивана Kостовска за Дневник ги сумира најголемите ,,бламови,, на македонските дипломати.

Последниот е од пред два дена, кога амбасадорот Игор Илиевски на прес-конференција во Прага кажа дека сопругата му го киднапирала малолетниот син со помош на приватна агенција за обезбедување.

Иако тој изјави дека зборува како татко а не како амбасадор, за многумина не доликува еден амбасадор да ги изложува приватните проблеми на прес-конференција.

Но ова не е прв пат на големо да се пишува за приватните проблеми на Амбасадорите.

– Ексамбасадорот во Швајцарија, Алајдин Демири, беше повлечен зашто возел пијан,

– Добринка Тасковска во Хаг – се памети тепачката во амбасадата.

– Стејт департментот преку писмо до МНР пред шест години бараше повлекување на тогашниот конзул во Њујорк, Филип Петровски, поради фалсификување визи и учество во тепачки.

– Амбасадорот во Австралија, Перо Стојановски, – љубовна афера која заврши со провала, кражба и изнуда.

– Амбасадор во Мисијата во Стразбур, Владимир Ристовски. се загубил, па, наместо на вечера кај унгарската амбасадорка, седнал на масата кај норвешкиот колега. А уште додека беше амбасадор си поднесе неотповиклива оставка и продолжи да работи за Советот на Европа.

– Амбасадор во НАТО, ги искористил дипломатските привилегии за по пониска цена да донесе од Брисел во Скопје дури шест автомобили. Истиот дипломат се обидувал преку свој пријател, кој сега е на највисока државна функција, да пренесе неколку пакети со парфеми.

– Амбасадор во Брисел, Мухамед Халили, си го вработи синот како возач во амбасадата. За да биде скандалот уште поголем, синот на Хаили задремал и уништил возило на амбасадата.

– Тепачка во амбасадата во Рим (со учество на женскиот дел од персоналот),

– Тепачката во Виена, кога бил нападнат амбасадорот во ОБСЕ, Александар Тавчиовски,

– Амбасадор во Пекинг, Фатмир Џеладини, наводно цели три месеци не доаѓал на работното место.

– Меѓу последните е и инцидентот со македонски дипломат во САД кој возел пијан и удрил со автомобилот во дрво. А кога полицијата му поднела пријава, тој сакал да се повика на имунитетот и рекол дека се враќал од политичка вечера. Американците му одговориле дека пиењето никако не спаѓа во дипломатска активност.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1