Сите табли во автобусите ќе бидат двојазични


avtobus nov jsp

Над 60 отсто од информативните дисплеи во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ се испишани на македонски и на албански јазик, а во наредниот период целосно ќе бидат двојазични дисплеите во сите возила, објаснуваат надлежните од ЈСП по повод барањето на советничката група на ДПА во Советот на Град Скопје за разрешување на директорот Мишо Николов.

Kоординаторот на советничката група на ДПА, Идриз Орана, побара Советот да го разреши директорот и парично да го казни затоа што „ЈСП како претпријатие основано од Град Скопје се уште не го применува доследно Законот за употребата на јазиците“, пишува Дневник.

Досегашната непокриеност на сите линии со натписи на македонски и на албански јазик од ЈСП ја објаснуваат со технички проблеми. Појаснуваат дека иако дисплеите останале недовршена работа, с` друго е одамна усогласено со Законот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1