СКАНДАЛ со македонските патници на Turkish Airlines – 2 дена вртат над Скопје и никако да стигнат


Нервозни уморни а ги третирале како да се „стока“ а не патници кои платиле скапа карта на една од најголемите авиокомпании во Европа. ГОЛЕМ СКАНДАЛ ПРЕДИЗВИКАН ОД Turkish Airlines.

Преполн авион (над 200 патници вкупно со се патниците од денес) кои уште вчера требаше да си се стасани од Истанбул во Скопје се уште се на ничија земја заробени на терминалите во Истанбул. За иронијата да биде поголема и вчера и денес авионот стаса до Скопје но не слета и ги врати патниците назад за Истанбул.turkish-airlines.jpg500

Вчера требаше да слета во 20 часот но откако речиси еден час вртеше над Скопје поради маглата пилотот одлучил дека е небезбедно да се слета и се вратил назад. Освен овој лет вчера на аеродромот во Скопје беа пренасочени уште 7 други летови. На патниците им било кажано дека ќе бидат сместени во хотел а рано изутрина ќе патуваат за Скопје со редовниот лет.

Утринава прво неколкупати беше одложувано слетувањето од 8 и 20, во 9 па во 10 … неколкупати авионот речиси и да леташе над ародромот но повторно не успеа да слета … сето ова вртење предизвикало и паника кај патниците во авионот.. и по 2 часа кружење над небото на Скопје авионот повторно истите патници ги врати пак назад за Истанбул.

Но тука не завршува нивната голгота. Screenshot_255

Иако времето се поправи и на аеродромот во Скопје беа реализирани слетувања Turkish Airlines одлучи не само да не ги врати овие патници туку извисија и патниците кои со истиот авион требаше да патуваат за Истанбул, а чудно е што експресно беше откажан и вечерниот лет, без образложение иако аеродромот е во функција.turkis let 33

Кога слетале во Истанбул настанал СКАНДАЛ а дошло и до тепачка на нервозните патници со НЕЉУБЕЗНИТЕ ВРАБОТЕНИ. Како што ни изјавија патниците – ниту во транзит инфо центарот не сакале да им дадат информација. Ги натерале да си ги земат куферите да излезат надвор од транзит зоната и да се упатат кон шалтерот за продажба на карти за информација на влезот во аеродромот. Таму никој не сакал да им даде информација, ги шетале од шалтер на шалтер, ги терале да се ,,прошетаат,, па да се вратат за некое време зошто сега немале информација. Некои од патниците инсистирале на сместување до следниот лет но биле одбиени барем тоа не се случило до 15 часот кога со се куфери биле оставени на аеродромските клупи.

Викање, нервози, ја фати за гуша вработената во Туркиш – ВИДЕО од скандалот со македонски патници

По неколку часовно чекање без информација патниците зовреле и после карање и викање им било кажано дека за Скопје ќе можат да патуваат дури УТРЕ ИЗУТРИНА. Не им биле дадени ниту ваучери за храна и вода, ниту сместување се до попладнето, а оние патници кои одлучиле да го сменат летот и слетаат на друг аеродром не добиле вопшто ниту пари за превоз од аеродромот во странска земја до Скопје што им следува, ниту ваучери за храна иако летовите ќе им бидат (ако им бидат) доцна вечерва.

Патниците велат третманот на вработените бил ужасен, без никакво објаснување иако според сите европски закони за ваков скандал и два дена одложување на лет се плаќаат дебели пенали овие патници се оставени да изберат или утре, по два дена, да стасаат дома или да изберат друг аеродром за денес а самите да се снаоѓаат како ќе се вратат до Скопје.

Патниците најавуваат дека за ова ќе ги известат и надлежните служби и агенцијата за заштита на потрошувачи а и агенцијата за цивилна и воздушна пловидба која е задолжена да ги штити правата на патниците според европските закони.

Мknews се обиде да добие официјална информација и од преставништвото на Turkish, но на телефоните оставени на аеродромскиот сајт од 11 часот утринава никој не се јавува. За иронијата да е поголема семејствата на патниците кои ги чекаа своите блиски на аеродромот немаа како ни да проверат дали нивните блиски безбедно слетале во Истанбул бидејќи од 11 часот не функционираше ниту веб сајтот на аеродромот во Истанбул. Не знаеа дали да чекаат на аеродромот, дали да заминат дома и немаа каде да добијат информација каде се сега нивните блиски и кога и како ќе си дојдат во Скопје.

Ако летот е одложен барајте си ги парите – еве кои се вашите права

Судот одлучи: Ако авионот ви доцни компанијата мора да ви плати и до 600 евра

 

 

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1