Полицијата се сомнева дека во ланецот на проституција биле вмешани повеќе од 60 жени.
Девојкирте биле дел од елитен ланец на проституција и заработувале и до 10.000 фунти од вечер.
Телевизиските станици во Романија во моментов се дел од голем скандал, откако 33 телевизиски водителки и модели биле уапсени поради истрага околу ланец на елитна проституција.
Од нив седум жени биле обвинети, од кои една побегнала во Дубаи а останатите 25 се сè уште под истрага.
Се претпоставува дека во ланецот на проституција бил можело да бидат вмешани уште најмалку 30 жени.
Локалните медиуми ги објавиле имињата на шесте престапнички кои во судот во Букурешт би требало да се појават в петок: Тука е зајачицата на „Плејбој“ Дијана Никорас (20) и нејзината колешка Дијана Гуресоаие (24), 29-годишната Лавиниа Деспина, 24-годишната Рамона Попеску, 25-годишната Мирела Думитру и 21-годишната Георгиана Константин.
Организаторките од клиентот наплатувале 1.500 фунти само да ги запознаат со моделките, но и со телевизиските водителки. Имено, на Даниела Круду, Мадалина Памфил и Симона Траска им се пребарани домовите и се испрашувани во рамките на истрагата.