СКАНДАЛ-ВИДЕО: Новиот хрватски премиер не знае да зборува хрватски јазик


Тихомир Орешковиќ е именуван за мандатар на новата хрватска влада, меѓутоа неговото прво обраќање на јавноста предизвика бројни коментари.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, штом прозборел, социјалните мрежи ги преплавиле коментари дека новиот хрватски премиер не знае храватски јазик.tihomir oreskovic-hrvatski-premier-640x317

Тој на новинарите им се обратил со силен англиски акцент.

„Точно, не го знае нашиот јазик, во три реченици кои ги изговори направи 30 изговорени грешки. Тој човек е катастрофа за Хрватска, ако остане, ќе се види“.

„Луѓе, тој не знае хрватски!!! Ова е исмејување со целиот хрватски народ. Ништо не го разбирам кога зборува. Ова е страшно.“

Ова се само некои од коментарите на социјалните мрежи по повод обраќањето на Орековиќ.

„Вечерњи лист“ пишува дека кога е објавено дека мандатор на новата хрватска влада ќе биде Орешковиќ, кој поголем дел од животот поминал во Канада, дека новинарите со голем интерес го чекале неговиот настап.

„Тој и е непознат на јавноста, но се очекуваше дека ќе го има барем нагласокот, толку својствен кај Хрватите кои долго живеат во странство. И, очекувањата се исполнија. Нашиот нов мандатар има многу силен англиски нагласок, и ќе има многу интересни , и симпатични ситуации, во кои ќе се најде, ако стане нов хрватски премиер Тихомир Орешковиќ“, пишува Вечерњи лист.

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ му го довери мандатот за составување на нова хрватска влада на Тихомир Орешковиќ.

„Ќе го вложам своето знаење и труд да формираме квалитетна Влада. Го повикувам парламентарното мнозинство и опозиција да ни се придружат. Немам сто дена, а тоа не го ни барам“, рекол Орешковиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1