На Фејсбук профилот на гинекологот Сања Станојевиќ Дакиќ осамна селфи со нејзината колешка при што во позадината се гледаше родилка како полугола лежи на бокс и се породува.
Неколку часа по објавувањето на оваа скандалозна фотографија, избришан е нејзиниот профил од Фејсбук, а докторката се бранела со тоа што нејзиниот профил бил хакиран па ваква приватна фотографија излегла во јавност.
Сања Станојевиќ стажрала во специјалситичката болнициа за гинекологија во Ниш, а фотографијата настанала додека таа работела во родилиштето во Прокупље.
На крајот во разговорот со надлежните докторката ја признала вината и најверојатно ќе биде санкционирана за прекршувањето на професионалниот кодекс.