Скандал: Во хорот на братот на поранешниот папа 67 момчиња биле силувани, а 547 тепани


Грд скандал тропна на вратата на Ватикан. Во врска со силувањето и физичкото малтретирање на децата во црковниот хор во Регенсбург во Германија, чиј диригент бил Георг Рацингер, брат на пензионираниот папа Бенедикт Шеснаесетти.

Извештајот од Регенсбург одекна како бомба. Дододуша, било познато дека се води истрага, но неговиот резултат е застрашувачки. Адвокатот Улрих Вебер, одговорен за независната истрага, изнесе заклучок дека од 1945 до 1992 година, најмалку 547 момчиња од црковниот хор „Домшпацен“ биле изложени на физичко насилство, а најмалку 67 од нив биле силувани, пренесува Алтернатива тв.

Вебер тврди дека поранешните момчиња го опишувале хорот како „затвор, пекол, односно концентрационен логор“, и дека тие им биле „најлошите години во живот, исполнети со страв, насилство и беспомошност“. Момчињата и избраните да пеат во хорот живееле и се школувале во црковното училиште, далеку од семејствата. Католичката црква минатата година понуди компензација на жртвите во износ од 5.000 до 20.000 евра, а дефинитивната висина на надоместокот ќе ја одреди друга инстанца.

Вебер, како што вели, идентификувал 49 виновници. Засега не е наведено дали меѓу нив е Георг Рацингер. Тој пред неколку години призна дека понекогаш знаел да удри шамар на недисциплинираните момчиња, колнејќи се дека тоа не го сметал за грешка, бидејќи и тој бил така воспитуван, но а априори негираше дека знаел за сексуалната злоупотреба на момчињата, а камоли да учествува во тоа.

57-годишниот Александар Пробст вели дека се приклучил на хорот „Домшпацен“ во 1968 година, во трето одделение, а две години подоцна бил примен во хорската гимназија, каде што наставникот го вклучил во „тајна група“ во која момчињата пиеле пиво, пушеле и гледале порно. Учителот, вели тој, влегувал во спалната соба во текот на ноќта, влегувал во неговиот кревет и со него имал сексуални односи „не помалку од 100 пати“. За време на летниот одмор Пробст го раскажал тоа на својот татко, кој веднаш го отпишал од хорот и училиштето.

Ниту еден од сторителите не одговарал за своите недела, затоа што, според адвокатот, сите познати случаи се застарени.

Едно поглавје од извештајот е посветено на диригентот на хорот 93-годишниот Георг Рацингер, кој 30 години (1964-1994) бил на неговото чело. Тој особено се обвинува дека „со години затварал очи на тоа што се случува и не интервенирал, иако знаел за тоа“.

Жртвата на злоставувањето Александар Пробст го обелоденил скандалот во 2010 година, а за Георг Рацингер, вели:

„Тој беше ноторен насилник, а не доброќуден дедичко. Тоа е мојата слика за Рацингер“.

Другите жртви изјавиле дека тој бил „строг, перфекционист и напрасит“ дека „во напад на бес му испаднала протезата“, дека „за него бевме гласовен материјал, а ако не бевме неуспешни како пејачи, трпевме понижувања”.

60-годишниот Михаел Зибер, поранешен член на хорот, вели:

„Пред хорот, во почетокот, толку многу се плашев што сам со нож си ги сечев подлактиците и бутовите за време на пеењето, надевајќи се дека Бог ќе го скрати часот ако се жртвувам. Имав 11 години. Во училиштата на хорот „Домшпацен“ владеела атмосфера на страв, беше како во логор. Ќотекот што бевме принудени да го поднесуваме беше полош од сето она што беше вообичаено во шеесеттите години. Кога ушите ви крварат, тоа е повеќе од шлаканица“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1