На сликите се Ванг Миншенг, партиски секретар во областа Луџијанг, во провинцијата Анхуи, неговиот заменик Џијанг Дабин, и лидерот на подмладокот на универзитетот Хефеи Ванг Ју.
Водењето љубов во тројка е против законот во Кина, а осомничените за ваквиот акт може да се најдат и на удар на законот.
Партискиот секретар Миншенг ги отфрла сите обвиненија кои се рашириле низ земјата како пожар, и смета дека се нашол на листата на обвинети затоа што моментално работи на случај поврзан со корупција и додава дека лажните фотографии ги објавиле неговите политички противници.
Меѓутоа Ванг Ју признава дека се наоѓа на спорните фотографии и вели дека една од припадничките на понежниот пол всушност е сопруга на негов професор од училиште.
Фотографиите многу брзо се рашириле на социјалната мрежа Веибо и привлекле големо внимание со што Државниот совет за информирање морал да реагира така што издал официјално соопштение во кое се вели дека „Сите веб портали мора да престанат да ги следат таканаречените инциденти со непристојни фотографии од Луџијанг“, а покрај тоа на страната е забрането да се постираат вулгарни фотографии како овие.
Скандалот се случил кога Гу Каилаи, сопруга на поранешниот комунистички претставник Боа Силаја пред судот одговарал за убиство на британскиот бизнисмен Нил Хејвуд.