Скандал во Кина: Петгодишно девојче во бикини на саем за автомобили


Компанијата која гои ангажирала девојчињата, од кои едно имало едвај пет години, во бикини да позираат пред автомобилите на саемот за автомобили во еден град во централна Кина, повикала на смирување на бурните полемики кои се дигнале во јавноста поради скандалот.

– Се надеваме дека страстите набрзо ќе се смират, изјавила за странските информативни агенции претставничка на компанијата, додавајќи дека во компанијата не сакаат за тоа да полемизираат.

Дел од кинеската јавност бил шокиран од фотографиите поставени на интернет на кои девојченце во чизмички, предизвикувачки позира исто како професионалец пред автомобилите минатата седмица во градот Вухан.

– На саемите за автомобили во Кина денеска е обичај манекенки во кратки сукњи да позираат пред возилата, но ова е прв пат на штандовите да се појават деца.

– Доколку запишете „деца“ и „бикини“ на некој од интернет пребарувачите, ќе пронајдете илјадници резултати од натпревари со деца во бикини, се правда Џанг Понг, директор на „7-Wind Model Costume“.

Таа наведила дека девојчињата кои биле ангажирани за саемот на автомобили имале дозвола од родителите и дека само две девојчиња имале 5 години.

– Ова искуство им овозможи на девојчињата да ја зајакнат својата самодоверба, тврди госпоѓа Џанг која смета дека единствена грешка е тоа што фотографиите се нашле на интернет.

– Единствено само тоа може да им наштети на девојчињата – истакнала таа.

 

 

 

 

 

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1