Во Основниот суд – Тетово, додека во постапка по предмет вчера се објавувала пресудата, едно од присутните лица во судницата извршило напад над надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.
Осомничената, која била роднина на осуденото лице, вербално се заканувала на јавниот обвинител и физички го нападнала. По интервенција на судската полиција осомничената е отстранета од судницата, соопшти ОЈО Тетово.
Обвинителствотосоопшти дека издало наредби до полициските служби за земање на изјава од осомничената, како и за обезбедување на видео записот од судницата во тетовскиот суд. Осомничената се товари за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“: