Руската акробатска скијачка , Марија Комисарова која доживеа тешка несреќа на веќе завршените Зимски олимписки игри во Сочи објави дека е парализирана од половината надолу.
„Не чувствувам ништо од половината надолу. Но јас сум силна! И знам дека еден ден повторно ќе стојам на своите нозе“, напиша на својот Инстаграм профил една од најубавите руски Олимпијки кои се натпреваруваа во Сочи.
23-годишната скијачка на 25-ти февруари доживеа тежок пад поради кој настрада нејзиниот 12-ти пршлен.
Комисарова беше веднаш оперирана во најблиската болница во Краснаја Полјана, а потоа беше префрлена во специјална болница во Минхен каде што ѝ беа извршени уште неколку операции.
По нејзиното враќање во Русија ја посети претседателот Владимир Путин кој нагласи дека државата ќе ги покрие сите трошоци за нејзиното лекување.
Трагедија во Сочи: Натпреварувачка ја скрши кичмата
Лидер.мк