Цените на нафтата продолжуваат стрмно да растат, бележејќи раст во изминативе два дена од преку 11 отсто, после најавата на „Бритиш Петролеум“ дека ќе ги намали капиталните инвестиции во 2015 година, пренесе Фактор.мк.
На лондонскиот пазар цената на барелот скокнала 1,90 долари во однос на претходното затварање, на 56,65 долари. На американскиот пазар, барелот се тргувал по 1,51 долар повисока цена од 51,08 долари.
„Бритиш Петролеум“ најави дека порaди остриот пад на цената на нафтата во 2015 ќе ги намали капиталните инвестиции за 13 отсто, на 20 милјарди долари. Минатата недела „Шеврон“ веќе реагирал на падот на цената, намалувајќи ги своите капитални трошоци за 13 проценти, на 35 милијарди долари.