Скопје: Дете си играло со 1500 куршуми


Покрај Маркова река (помеѓу с.Горно и Долно Лисиче) едно дете нашло 1500 куршуми ги ставило во кофа и си играло со нив.

Вчера вечер Ј.М. од Скопје, со кофата муниција која му ја дало детето отишол во полициската станица-Аеродром и ги пријавил куршумите.

Ј.М. пријавил дека куршумите се пронајдени додека се собирало старо железо и дека на наведеното место останале уште куршуми. На лице место излегле служби од СВР-Скопје, а муницијата е подигната од страна на ДСЗ. Детален преглед на лице место ќе се изврши денеска.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1