1.
Со името Македонија се гордеат три континенти, и затоа Македонија е наречена земја излеана од злато. Името Македонија односно Македон се сретнува на три континенти. Африка, Азија и Европа. Сите тие имаат свои објаснувања за настанувањето на името. Европската митологија смета дека името е настанато од синот на Зевс и Тиа кој се викал Македон. Зевс му го подарил и доверил најчувствителното и најважното подрачје на светот – оската во која се допираат трите Континенти…му ја доверил Македонија..
2.
Дали знаете кој е првиот македонски олимпиец? Тоа е Кузман Сотировски- фудбалски репрезентативец, кој настапил на Олимписките игри во Амстердам на 29 мај, 1928 година во дресот на Југославија Играле против Португалија со резултат 1спрема 2 при што Југославија отпаднала од понатамошни натпревари.
Кузман бил роден во село Стенче , Тетовско, имал тројца браќа и во 1913 година заминале на печалба во Белград. Таму отвориле фурни и никогаш не се вратиле во селото.Еден од браќата уште во 1928 година му донесол на Кузман топка купена во Букурешт и тоа била прва топка во селото Стенче. Кузман е учесник и во катастрофалниот пораз на Југославија од Чехословачка во Прага 1-7.
3.
Македонската традиционална музика е препознатлива во светот по три музички инструменти. Тие се гајдата, кавалот и тапанот. Најголем промотор на македонска традиционална музика во светот е Драган Даутовски, роден во 1957 година во селото Русиново кај Берово.
Даутовски е единствениот музичар во светот кој свири на античка бакарна флејта стара 6000 години, наречена Окарина. Потекнува од неолитскиот период а е пронајдена во близина на Велес.
Затоа велат дека неговата музика звучи 6000 години стара, за чие изведување е потребна голема концентрација и духовна подготовка.
4.
Димитар Илиевски-Мурато од Битола е првиот македонски алпинист кој се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест .
Кога стигнал на врвот, Димитар со гордост го закачил и развеал македонското знаме. За жал трагично го загуби животот враќајќи се назад.
Во спомен на неговиот подвиг и херојство, е изграден споменик на Пелистер, и во знак на сеќавање секоја година се одржува традиционален планинарски марш. На тој ден се слави неговиот подвиг но и неговата трагедија.
5.
Нашиот најпознат и врвен гајдаџија Пеце Атанасовски (1927-1997) со право може да се рече дека беше гајдаџија на сите времиња. За тоа потврдува и фактот што во 1968 година на Светскиот фестивал на гајдаџии во Сицилија, Италија, беше прогласен за најдобар гајдаџија во светот. Верувале или не, на тој фестивал Пеце Атанасовски во конкуренција на 1.800 гајдаџии од целиот свет, го освои првото место и ја доби наградата Златна гајда. Ова е вистинска победа на македонската гајда во светски размери
6.
За животот и страдањата на македонскиот народ за време на турското владеење на Балканот, голем интерес пројавиле голем број странски филмски компании. Така во 1903 година, филмската компанија Браќа Пате од Франција го снимила филмот со потресен наслов Колежите во Македонија. Овој филм иако траел само две минути, оставил силен впечаток кај населението, прикажувајќи ја реалната слика во земјата. Во него биле прикажани насилствата врз македонското население од страна на отоманската војска и полиција.
7.
Античките Македонци негувале повеќе култови, кои биле поврзани со натприродните сили. Но најпрошерен бил култот на Сонцето. Затоа сонцето го прикажувале на накитот, оружјето, особено на штитот. Може да се види и на некои монети на македонските кралеви. Особено го почитувале култот на водата. Кон реките се однесувале како кон божества и им принесувале жртви. Исто така многу го почитувале и верувале во лавот.
8.
Александар бил син на кралот Филип втори и на кралицата Олимпијада. Кога се родил, татко му истовремено добил три радосни вести. Првата, дека неговата војска ги победила Илирите, втората, дека неговите коњи победиле на олимписките игри и третата, дека му се родил син. Среќата на Филип и Олимпијада ја зголемиле и дворските гатачи кои протолкувале дека детето Александар, ќе биде славен и голем херој кој никој не ќе може да го победи.
9.
Според легендата се смета дека Крали Марко од Прилеп- Варош, имал три сестри Дева, Кита и Ѕвезда. Најстарата, Дева, живеела во село Девич, Порече. По нејзиното име и селото го носело името Девич. Над селото има и едно црквиче и кула оградени со голема авлија, сета од камен. Дева живеела таму во кулата и држела војска. Војската се бранела со камења .
Дева изградила и една зандана полна со вода. Од занданата до кулата имало една воденичка бука низ која заробените ги пуштала во занданата. Затворениците биле во вода дење и ноќе се дури не умреле. И денес кај занданата стои караулата каде стоела стражата. Во кулата имало и фурна каде Дева печела леб.
Кита, живеела во Кичево. Кичево го носи името по Кита. Најмалата сестра Ѕвезда, живеела во Гостивар.Дева и Кита никогаш не се омажиле. Турците велеле , Кита била убава, ама Дева уште поубава.
10.
Македонија е богата со топли минерални води коишто се прочуени со својата лековитост. Овие води најмногу лекуваат ревматични заболувања. Покрај топлите минерални извори има изградено и бањи. Тоа се посебен вид болници во кои болните, освен со лекови, се лекуваат и со водата, како и со разни вежби за движење. Во бањите има модерни и убави згради, базени со топла минерална вода, паркови и шеталишта. За болните се грижат лекари и друг медицински персонал.Најпознати бањи во Македонија се Дебарски бањи, Катлановска, Кумановска, Кежовица, Банско и Негорци.Водата во Дебарските бањи е најлековита и затоа овие бањи се најпосетени.
11.
Дури и каменот Розета ја кажува вистината за Македонија. Пронајден е од еден француски војник, во 1799 година, кој работел на ископување на објекти за потребите на војската на Наполеон Бонапарта. Копајќи, тој заприметил црн камен од мермер. На каменот заприметил три видови на ракописи.
Тие ракописи подоцна биле дешифрирани од научниците и археолозите и пронашле дека се работи за три различни јазици. Во првиот ред пишувало на античко-египетски, во третиот ред писмото било античко-грчко а во средината пишувало на Античко – Македонски.
Науката потврдува дека текстот во средината е оригинал античко-Mакедонски на кој пишувале во времето на Александар Македонски.. Имало 160 зборови кои го задржале значењето во некои дејалекти од современиот Македонски јазик.
Името го доби по местото каде што е ископан Розета, Египет, и претставува скапоцено откритие за постоењето на Античкиот Македонски јазик и за тоа дека е посебен и различен од Грчкиот. Каменот наречен Розета, е пренесен во Британскиот Музеј во Лондон каде што е изложен и ден денес и претставува еден од најпознатите експонати на Британскиот Музеј во Лондон.
12.
Кон крајот на 1977 година археолозите дојдоа до многу значајно откритие. Во близина на археолошкиот локалитет Кутлеш, Вергина, на околу четириесетина километри југозападно од Солун, открија гроб за кој се тврди дека му припаѓал на прославениот македонски цар Филип Втори. Уште поинтересно е тоа што на еден од зидовите на гробот е откриена фреска што претставувала лов на лавови. Во гробот кој бил висок 12 метри, биле пронајдени две урни тешки 11 килограми, направени од злато. Освен тоа пронашле и женска дијадема, македонски шлем, гети, од кои едната била покуса што претставува индикација дека му припаѓала на Филип Втори кој куцал од едната нога. На капакот од еден саркофаг била врежана македонската ѕвезда со шеснаесет зраци.
13.
На 30 Септември, 2002 година, е пронајдено сензационално откритие во Самуиловата тврдина. Тоа било Златна маска која се смета дека датира од петтиот век пред Христа.
Македонија и само Македонија – ЗАСЕКОГАШ
Автор – Гордана Димовска
Целиот текст прочитајте го на – macedoniantimeline.blogspot.com.au