Скржавите луѓе имаат помалку сива маса во мозокот


Научниците од универзитетот во Цирих откриле дека наклонетоста кон алтруизам зависи од количината на сива маса во мозокот. Ernest Fehr, еден од стручњаците кои го спровеле ова истражување, открива дека е прв пат “воспоставена врска помеѓу алтруизам, анатомија и мозочна активност„.

За време на екпериментот, на испитаниците им била дадена задача да поделат одредена сума пари помеѓу себе, како и со непознати лица на кои парите навистина им се потребни.

Од експериментот се докажало дека кај оние, кај кои во просторот меѓу париеталната и темпоралната регија на мозокот има повеќе сива маса, поголема е веројатноста дека ќе ги поделат парите со непознати лица.

Истражувачите откриле дека кај “цициите„ активноста на тој дел во мозокот е поинтензивна штом и најмала количина на пари се најдат во игра, додека кај алтруистите тоа подрачје се активира само кога станува збор за големи суми.

Научниците од Цирих исто така, воочиле дека постои разлика во количината на сивата материја, односно дека кај скржавите луѓе присуството на оваа маса е помала отколку кај дарежливите.

Fehr и неговите колеги чија што студија е објавена во списанието “Neuron„ истакнуваат дека не треба лесно да се носи заклучок дека алтруизмот е само последица на биологијата. Тие прецизираат дека количината на сива материја, исто така, е прозвод и на други социјални процеси.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1