СЛУЧАЈ ДЕДО ЉУБЕ: Преживеаниот разбојник се жали на Апелација – бара оштета од дедото


Денеска пред пет судии во апелациониот суд обвинетиот кој го преживеа патронот тврди дека не го удрил старецот. На дедо Љубе пак следната недела  ќе му се суди за убиство и убиство во обид.

-Ќе барам оштета од старецот, рече Борче непосредно пред неговото судење за разбојништво, бидејќи пресудата од 8 години затвор изречена од кумановскиот суд по жалба повторно е пред повисокиот суд, пишува ТВ Алфаdedo ljube mk3
Новинарите ги слушнаа двете верзии за настанот. Според обвинетиот Иванов, со пријателот Зоран Златанов од Кочани тргнале во селото Којково по долг од продажба на пушка. Негира дека го тепал старцот, тоа го правел Златанов кој почина од куршумот на дедо Љубе.
Според сведоштвото на дедо Љубе пак двајца со фантомки му ги барале парите од овците. Рацете и нозете му ги врзале со јаже, а неговата неподвижна жена ја покриле со ќебе преку глава која малку недостасувало да се задуши. Додека тие растурале по собите, Љубе се одврзал и земал пушка од подрум. Златанов го застрелал додека овој во рацете држел моторна пила, а Иванов успеал да избега.
Дедо Љубе доби голема поддршка на социјалните мрежи преку кој се бара слобода за старецот кој застана во одбрана на жената и имотот.
Алфа.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1