Слушнете како звучи музиката која мозокот ја создава со мислите


Научниците со помош на технологијата успеале да „преведат“ два вида на мозочни бранови и да ги претворат во музика која е единствена за секој мозок поодделно. Веруваат дека се на вистински пат да пронајдат решение за многу болести.

Комбинирајќи ги податоците во мозокот регистрирани со ЕЕГ и магнетна резонанца, кинески научници од Универзитетот за Електронски науки и технологии два вида на мозочни бранови успеале да претворат во музика. Деталните пресметки и анализи им помогнале во креирање на висината и интензитетот на тоновите, како и самиот ритам.

Според научниците, музиката која ја создава мозокот како уметничко дело, и создава платформа за подобро функционирање ја покажува врската меѓу музиката и мозокот.

– Тоа може да се искористи и за подобро лекување како и при поставување на клинички дијагнози кај лицата кои боледуваат од различни мозочни болести, изјавил лидерот на научниот тим Јинг Ли.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1