Радиото BBC ја пушти вчера новата постхумно објавена песна на Ејми Вајнхаус, насловена како “Cherry Wine”.
Снимена е во 2008 во соработка со раперот Нас. Ќе се најде и на неговиот 10 албум “Life Is Good”, кој ќе излезе на 17 јули. Ова е втора песна соработка на двајцата. Заедно ја снимија и “Like Smoke”, која се појави на нејзиниот постхумен албум “Lioness: Hidden Treasures”.