Лондон можеби не успеа да го засени Пекинг во велемајсторството во отворањето на ОИ, но сигурно го надмина со глупостите кои што се случија вчеравечер.
Нацистички поздрав од висок германски функциоер – а ?????????
Светските војни завршија пред педесетина години, но, германците очигледно никако да сфатат дека ги загубија, и двете. Но ниту тоа не го спречи еден германски државник со мавтање на раката, на идентичен начин кога Хитлер му салутирал на третиот рајх, да ги поздрави своите спортисти.
Тешко дека ќе може да се извади дека раката му „побегнала“. Постојано се потенцира дека Германците се обидуваат да го заборават тоа што го правеле за време на Втората светска војна, а потоа на 27 јули, 2012 година, – бум! Прст во око на милијарди луѓе, кои што преку своите телевизиски екрани го следеа директниот пренос од Лондон. Случајно? Очигледно овој господин се уште живее во 1941 година, или во некое друго време, а можеби сака да стави до знаење дека е време за наплата од 45-та.
И МТВ не е МТВ ако нема мали киксеви
Уште не почнато отворањето, мала кикс имаше Македонската телевизија, откако колегата Милковски без негово знаење беше пуштен тонски да договара за распоредот, што-како ќе се пренесува. Тоа не му засмета на едниот и единствен Златко Калински, кој е незаменлив елемент од преносот на една Олимпијада.
Одиме понатаму… Србија.
Смешки како и секогаш. Овој пат главната улога им припадна на двајцата коментатори. Она што во „директната расправија“ меѓу Владимир Мијалевиќ и Александар Стојановиќ можеше да се слушне, ни од малку не ја отсликува сцената од она што можеше да се види на лице место.
Ситуацијата кога Стојановиќ во еден момент резигнирано му пренесе на својот колега: „Па добро бе човеку, ќе дозволиш ли барем една реченица да завршам“, и тоа во моментот кога на сцена се појавија српските спортисти.
Дијалогот пристигна во клучен момент, откако претходно Мијалевиќ постојано го надополнуваше Стојанивиќ со информации околу саатниците и распоредот на натпреварувањата на српските преставници во Лондон, па испадна, како да популарниот Аца Стоп, да дошол неподготвен за овој пренос?!
Мораше да реагира, по што следуваше петминутна пауза. Сепак двајцата коментатори на РТС успешно си ја завршија работата… Без тепачка се надеваме.
Во Хрватска потсмев на сметка на Британките
На форумите во Хрватска од утринските часови постојано се зборуваше за преносот на двајцата коментатори Драго Чосиќ и Мичо Душановиќ. Сегмент на отворањето на игрите кога се претставуваше просечното британско семејство, предизвика занимлива дискусија на двајцата водители.
Чосиќ: И така денес сабота, родителите шетаат низ куќата, децата играат плејстејшн, а ќерката е тука… Таа пронаоѓа други начини за да се задоволи“, (сцената кога младата Британка се дотерува и се подготвува за излегување)
Душановиќ: „Ти си експерт за тоа?!“.
Бабичката си ги чисти ноктите, ги отвори Игрите, па и се приспа…
Шоуто го зачини и кралицата Елизабета Втора. Целата делуваше незаинтересирано. На британските колеги, особено им падна во очи тоа што нивните спортисти од кралицата не добија аплауз! Елизабета беше уловена како си ги чисти и ноктите. Бог да чува. Како претходно да немала време да се дотера па го погоди моментот за лична хигиена. На крајот кога и официјално ги отвори Игрите, по лицето и се гледаше дека едвај чека да најде кревет.
Малку и за нив
Американците. Како и секогаш, меѓу главните ѕвезди на Олимписките игри. Овој пат излегувањето на Фелпс, Леброн Џејмс и останатите им го привлекоа вниманието на милијардите фанови со капите кои ги носеа, демек ја претставуваат војската, а не спортот. Што знам, можеби сакаа да испратат порака до сиријските колеги. Останува енигма…
Мистер Бин, еден и единствен
Киваше, сликаше со мобилен телефон. Дрндаше по пијаното во негов стил. Користеше чадор за да свири, а цело време држеше само една типка од клавирот. На крајот заспа и сонуваше како трча со уште десетина спортисти. Загуби… не туку победи во негов стил :))))) Погледнете.