Кампала е голем град, кој преку воздушни врски е поврзан кон целиот свет. Доволно е само еден заразен пациент, кој вирусот го добил само неколку часа претходно, да се качи во авион за Париз или Виена или да прошета низ аеродромот за болеста неконтролирано да почне да се шири по целиот свет, изјавил инфектологот доктор Џејмс Борчер.
За разлика од досегашните епидемии на ебола во Уганда во која обично животот го губеа граѓаните од селата кои не можеа да стигнат до болница, овој пат жител од Ниансвиг успеал да стигне до болницата во Кампала, главниот град на Уганда, но за жал таму и починал.
Штом се прочуло за случајот во градот во кој живеат еден и пол милиони граѓани, настанала паника.
Еболата се шири преку контакт
“Нашата земја е во криза. Еболата повторно се појави, а еден од заболените дојде до Кампала и заразата сега им се заканува на сите. Веќе се разболеа и докторите кои дошле до контакт со пациентот и луѓето кои го запалиле неговото мртво тело откако починал. Бидете внимателни, еболата се шири преку контакт, а Министерството за здравство се обидува да ги пронајде сите они кои биле во контакт со заболениот. Ви посакувам среќа и Господ нека ве чува“, порачал претседателот на земјата Јовери Мусевини. Веднаш потоа биле затворени сите училишта и јавни установи, а забранети биле и посетите во затворите, за еболата, една од најстрашните болести на денешницата против која нема лек, да не се прошири, но патот на епидемијата од големи размери, сепак е отворен.
Авионски линии за Париз и Виена
“Кампала е голем град, кој преку воздушни врски е поврзан кон целиот свет. Доволно е само еден заразен пациент, кој вирусот го добил само неколку часа претходно, да се качи во авион за Париз или Виена или да прошета низ аеродромот за болеста неконтролирано да почне да се шири по целиот свет”, изјавил инфектологот доктор Џејмс Борчер. За среќа, еболата не се пренесува преку воздушен пат, туку исклучиво преку допир, па полесно е да се запре.
“Сепак треба да се знае дека се работи за многу заразна болест што се пренесува и преку ракување или преку случаен допир, а пациентите скоро и да немаат шанси за преживување. Воедно, болеста е брза, па луѓето умираат во текот на следните 24 часа од заразувањето“, рекол Борчер. Според неговите зборови, само е прашање на време кога првиот случај на ебола ќе биде забележан во Европа или САД.
Во Уганда досега починаа 16 лица, меѓу кои и еден доктор. Заразени се 36.
извор – fakulteti.mk