Последен пат се слушнавме со баата во 21 часот. Се беше во ред и ние четворица легнавме да спиеме, уморни од 15 часовното напорно планинарење, Ги извлекоа луѓето кои спиеја, ги фрлија на земја и им ги заврзаа рацете.
Ги бодеа со ножеви, ги удираа, раскажува Нина.
Насекаде имаше тела на убиени пријатели кои војниците ги собираа, потоа расфрлани предмети, крв и хаос. Војниците не смируваа, а ние цела ноќ ја поминавме набљудувајќи дали од долината ќе забележиме батериски лампи, вели Нина.
талибанците го уништиле цел камп, ги скинале шаторите, земале пари и електроника. Планинарите ги ликвидирале пукајќи им во глава. Пакистанците кои работеле во базата ги оставиле преплашени и заврзани. Околу еден часот по полноќ го завршиле својот крвав напад и заминале.
Пакистанската војска сите преживеани алпинисти ги префрлила со хелокоптер до првиот аеродром, од каде се префрлени во Исламабад. Но, драма не завршува тука. талибанците им праќаат закани дека ниту еден странец нема да остане жив. Нина во моментот се наоѓа во хотел, каде чека да се врати во Србија.
Моментално сме во хотел, но често ја менуваме локацијата бидејќи ни се закануваат со смрт. Ни објаснија дека Талибанците го сториле ова во знак на одмазда за убиство на еден од нивните лидери. Имам авионски билет за 25 јули, но потребна ми е помош да си заминам порано. Немам пари, имам само пасош, кој во кампот беше сокриен на тајно место, додава Нина Аџанин.
Србија нема конзулат во Исламабад, па е во соработка со Амбасадата на БиХ. Алпинистката рекла дека ќе се приклучи на групата планинари кои одат за Русија. Ќе и ја пружиме нашата помош доколку ја побара, велат од Министерството.