На интернет се појави видео снимка од експлозијата која утрово ја потресе Анкара. Според првичните информации, во оваа експлозија настрадале над 30 лица, а се стравува дека бројот е поголем. Има и над 120 повредени.
На самото видео се гледа група, воглавно млади луѓе, чиј протест е прекинат со експлозија и силна детонација во близина.
Експлозијата се случила во пресрет на протестот за мир, каде граѓаните сакале да изразат незадоволство поради судирите на држава со курдските бунтовници на југоистокот од Турција.