Со безбол топче што го фатил пред 84 год ќе го плати студирањето на внукот


 

Пред 84 години, во далечната 1928 година, Њујорк Јенкис, во финалето на светскиот куп ги победиле Сент Луис Кардиналс со 9-3. Лу Герид во тој меч го постигна последниот хоум ран за Јенкис.

Дедото на Мајкл Гот ја имал честа да ја фати таа топка и да биде дел од семејното наследство во наредните 84 години.

Сепак, со светската економска криза и со енормниот долг кој Мајкл го има кон факултетот за медицина, го приморале, со тешко срце да се откаже од ова парче на историја и да го даде на аукција.

Кога мајката на 30 годишниот Мајкл, Елизабет Гот, забележала дека долговите на синот кон факултетот достигнале сума од 200,000 долари, таа го поставила топчето на онлајн аукција.

За неполни 3 часа сумата достигнала 33,000 долари, а сумата се очекува да достигне од 150 до 200,000 долари.

„Ова беше правилното нешто што можев да го направам“, изјави Елизабет за новинарите и додала, „ таа топка е дел од нашата семејна историја, но време е семејството да создаде нова историја“.

Share Button

Tags: , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1