Трагедија: 12 годишно девојче испило 6 литри вода едно подруго – починала



Трагично заврши навидум безопасната игра „воден покер“. Дванаесетгодишно девојче од Шведска почина откако во текот на оваа игра испило дури шест литри вода.

Според правилата на играта оној што губи пие чаша вода, и тој процес се повторува по секој неуспех. По неколкуте изиграни партии покер, девојчето почувствувало сериозно лошење, поради што било однесено в болница каде што по неколку дена починало.

Огромното количество вода кое што девојчето ја консумирало, предизвикало т.н. мозочна смрт. Докторите велат преголемата количина вода предизвикува разредување на крвта која пак влегува во мозокот. Како последица на тоа мозокот отекува поради што се запира крвотокот и се нарушува мозочната функција. Инцидентот се случил за време на училишна екскурзија.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1