Како интересен случај од полицијата ја наведуваат приказната за двајца студенти кои собрале пари, изнајмиле БМВ и позната проститутка. Со неа се дружеле цела ноќ и оделе во ноќни клубови. Подоцна во текот на полициската истрага признале дека на едно познато лице платиле за сексуални услуги. Синџирите на елитната проституција функционираат во строга тајност, а за контакт со девојките потребна е препорака
Апсењето на старлетата од Белград, Тијана Ѓуричиќ позната по прекарот Силиконска кралица, само ги потврди старите и веќе добро познати приказни за познати лица кои дополнително заработуваат занимавајќи се со проституција, пишува хрватскиот весник “Вечерњи лист”, повикувајќи се на српските весници. Од белградската полиција изјавиле дека поради организирање и занимавање со елитна проституција евидентирани се многу јавни лица, но инспекторите потенцираат и дека е голем бројот на анонимни лица кои за само еден час дружење наплатуваат и по 300 евра.
– Обично првата асоцијација на елитната проституција се лица од јавниот живот, а нивните клиенти претприемачи, странци и политички моќници. Во пракса, полицијата се повеќе се соочува со елитните проститутки кои се анонимни девојки, објаснила за “Блиц” Драгана Старчевиќ, инспекторка од Секторот за јавен ред и мир ПУ-Белград.
Како интересен случај од полицијата ја наведуваат приказната за двајца студенти кои собрале пари, изнајмиле БМВ и позната проститутка. Со неа се дружеле цела ноќ и оделе во ноќни клубови. Подоцна во текот на полициската истрага признале дека на едно познато лице платиле за сексуални услуги. Синџирите на елитната проституција функционираат во строга тајност, а за контакт со девојките потребна е препорака.
– Елитната проституција се карактеризира со тоа што функционира во затворени кругови. Девојките кои се занимаваат со неа, не се огласуваат јавно и до нив не може да се дојде без препорака. Токму поради тоа, полицијата има проблеми со докажување на проституцијата, дури и кога има одредени сознанија, наведе Старчевиќ.
Како што пренесуваат медиумите, услугите ги наплаќале по час од 100 до 200 евра, за разлика од уличните кои истите услуги ги пружаат и за 1.000 динари. Зависно од желбата на клиентот, целовечерна забава можат да ја наплатат и по неколку илјади евра или услугите да ги заменат со егзотични патувања или шопинг во скапи продавници.
Инспекторката навела оти главно се работи за млади девојки со атрактивен изглед. Тие посетуваат места за кои однапред знаат дека можат да им обезбедат контакт со проверена, богата клиентела. Ним само им е потребен посредник, бидејќи тие девојки не се впуштаат во односи без препорака.
Медиумите пишуваат дека покрај престижните клубови, како расадници за елитни проститутки често се наведуваат и модните агенции. Инспекторката Старчевиќ вели дека имало такви случаи, но и дека полицијата задолжително ги проверува сите регистрирани агенции од светот на модата.
– Секоја поединечна пријава или сомневање го проверуваме. Откривањето на синџирот на проституција често бара повеќемесечна оперативна работа, за да се соберат докази и да се процесуираат организаторите.
Најчесто се апсат организатори на проституција по станови и хотели, чија основна дејност главно се крие зад параваните на салони за масажа, додава Старчевиќ.