Со печурки извлекуваат злато и сребро од мобилни телефони


Финските научници пронашле еколошки начин за извлекување на различни метали од мобилните телефони кои веќе не се користат.

vadenje-zlato-od-mobilen-260x187Од VTT центарот за истражување во Финска велат дека 100 илјади телефони содржат 2,5 килограми злато, 2,5 килограми сребро и 900 килограми бакар.

Сепак, со оглед на тоа дека металите се извлекуваат со помош на отровниот цијанид, само 20 проценти од тие количини може да се искористат.

Со оглед на тоа дека овој начин не е еколошки, научниците решиле да се посветат на пронаоѓање начин кој ќе биде прифатлив, евтин и практичен. И дошле до решение.

Мобилните телефони прво се мијат во фина прашина и се пропуштаат низ посебен слој од подземни печурки. На тој начин се извлекува околу 80 отсто од материјалот.

Имате стари мобилни – секој содржи 1/8 грама злато – Еве начин како да го извадите (Видео)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1