Хакери открија начин: Вадат колку сакаат од банкоматите, без разлика на салдото на картичката


Хакерите најдоа начин банкоматот да дава неограничено многу пари, без оглед на билансот на клиентите. Она што е навистина застрашувачко е тоа што хакерите успеаваат да повлекуваат пари и покрај лимитот на поединечна сметка.

bank„Неодамна, хакерите успеале да повлечат повеќе од 40 милиони долари преку користење на 12 кредитни картички“, велат од Советот на сојузните финансиски институции. Од Советот веруваат дека хакерите ги откриваат вработените во банките за да им го украдат идентитето со цел да го инсталираат нивниот малициозен софтвер во компјутерските системи на банките.

Криминалците го користат малициозниот софтвер за да ги добијат акредитивите при најавувањето на вработените во системот и да го утврдат пристапот на институцијата во банкоматот, кој често е базиран онлајн, со што се овозможува да се направат промени во сумата на пари која клиентите можат да ја повлечат.

Откако ќе го хакнат контролниот панел, хакерите ги повлекуваат парите користејќи лажни картички кои ги создаваат преку информациите од сметките и матичните броеви. Лозинките се крадат преку софтвер или скенерски програми.

Факултети

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1