Со петиција се бара признавање на македонскиот јазик во Грција


Ја повикуваме грчката влада цврсто да се заложи за поддршка на непроценливиот, автохтон македонски јазик и да ја потпише, како и да ја ратификува Европската повелба за регионални и за малцински јазици.

OMD-dijasporaВака гласи петицијата со која македонското малцинство во Грција бара земјата да ги почитува европските правила и стандарди и да им овозможи легално да го користат јазикот на кој зборуваат – и во училиштата и во институциите. Иако на интернет е достапна само неколку дена, во петицијата веќе се потпишани повеќе од 420 луѓе, и тоа не само од Грција, туку и од секаде во светото каде што живеат Македонци.

– Добредојдени се да се потпишат не само Македонците во дијаспората туку сите оние што н` поддржуваат и не се согласуваат со тортурата врз Македонците и врз нашиот јазик во Грција со години. Ако чекаме некој ова да го направи за нас, никогаш нема да го добиеме тоа што го бараме. А не бараме нешто што е надвор од европските правила и стандарди, напротив, нешто што Грција е обврзана да го направи, а тоа е потпишувањето на Европската повелба за регионални и малцински јазици, објаснува за „Дневник“ претставникот на Обединетата македонска дијаспора во Грција, Евгенија Нацилиду. Додава дека сите заинтересирани ќе може поддршката да ја изразат најдоцна до крајот на декември годинава. Собраните потписи во електронска и во пишана форма ќе се стават на маса истиот момент кога Грција ќе го преземе претседателството со ЕУ.

– Kолку сме погласни и помногубројни, толку е поголема шансата да го оствариме ова основно човеково право – вели Нацилиду.

Во образложението на петицијата пишува дека населението што говори македонски во Грција е автохтоно.

– Сепак, луѓето не можат да се бранат од асимилационата политика на грчката влада сами. За повеќе од 100 години грчкиот јазик е насилно наметнат врз нас – пишува во текстот.

Ова е ЛИНК до петицијата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1