Музичка агенција со крадена музика се борела за заштита на авторските права. Ќе мора да плати над 160 000 евра отштета.
Клин со клин се вади – старо правило, што исклучително ретко важи. На пример смешно е ако лага се бориме за вистината, или пак со корупција против корупцијата. Да водиш кампања против пиратеријата, притоа кршејќи еден куп авторски права?
Ова е „лапсуз“ што холандската музичка агенција „Buma/Stemra“ скапо ќе го плати. Во 2006 тата година, агенцијата побарала од музичарот Melchior Rietveldt да направи композиција што ќе се користи во кампања за борба против пиратеријата, тврдејќи дека истата ќе биде екслузивно претставена на филмски фестивал.
Една година подоцна композиторот ја препознал својата музика на спот против пиратерија и тоа на ЦД што сосема случајно си го купил за да гледа филм. Неговото авторско дело било користено без негова дозвола, во земјата но и пошироко. Веднаш побарал паричен надоместок од музичката агенција, добил 15 000 евра аванс и ветување дека ќе му биде доставен детален извештај за тоа колку и каде е употребувана неговата музика. Но таквата информација до него не стигна никогаш.Неофицијално станува збор за повеќе од 70 комерцијални ДВД-а.
Во последниве две години агенцијата успеала да му исплати уште дополнителни 41 000 евра, но според судот тоа не е доволно. Фирмата за почеток треба да плати дополнителни 20 000 евра отштета како и целосно покривање на судските трошоци на оштетената страна, потоа следува исплаќање на остатокот од долгот како и доставување на детална информација за злоупотребата на авторскиот труд.