„Биди виден“, ама на Широк сокак


„Да видиш, и да бидеш виден“ е водечка идеја на шемаџиите од сите градови, ама кога станува збор за овој тренд „никој не  си го можи со најголемите пуфкаџии- битолчани“.
Каде и да си, што и да правиш барем еднаш- два пати дневно редно е да поминеш на корзо по Широк сокак. Дотеран, среден, налицкан до немајкаде.

Деновиве се раскажува една анегдота- битолчани и битолчанки дотерани цакум- пакум уште рано на сабајле пијат кафе на Широк сокак. Некој странец прашал- ова е туристички град? Многу туристи ви дошле, си кулираат, по кафулињава! Не, ова се нашите „домашни битолски туристи“, гласел одговорот од домаќините.
И затоа, ни повеќе, ни помалчу битолските „пуфкаџии“ и (не)официјално улицита на Широк сокак си ја крстија „Улица биди виден“. Ионака во тренд е пре-менување имиња на улици, па зошто оваа улица да не си го добие вистинскиот „макотрпно“ заслужен назив ?!

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1