Со секси загревање до понуда за брак! – Видео


Откако пред пет месеци некој на Јутјуб поставил видео од нејзиниот симпатичен и секси танц со кој се загревала пред трката, австралиската тркачка Мишел Џенек (19) со брзина на светлината стекна светска слава, а голем број обожаватели од кој голем дел и изјавуваат љубов некои и понудиле и брак.

Мишел Џенек неодамна во својата земја учествувала во една интернет ТВ емисија „Што е во тренд“, во која на водителскиот тандем им покажала движења од својот караоке танц за загревање кој го демонстрирала на трката во Барселона. Оваа ведра и млада девојка вели дека не се преоптоварува многу со својата интернет слава и дека се тоа по малку и е чудно и смешно, особено тоа што секојдневно преку Фејсбук добива љубовни изјави но и брачни понуди. Својот танц за загревање и смирување на нервите кој го изведува пред трката, како што вели, веќе долго време го прави но претходно не привлекол големо внимание.

Џенек за себе вели дека како дете многу сакала да склопува роботи играчки, а денеска студира роботика на Универзитетот во Сиднеј.

Вели дека ќе продолжи со редовните тренинзи паралелно со студиите, а најголем сон и е Австралија да ја претставува на наредните Олимписки игри во трката на 100 метри со пречки.


Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1