Во соработка со компаниите за дизајнирање – Digitalmill и Schell Games група истражувачи се обидуваат низ видео игри да ја спречат ХИВ епидемијата меѓу тинејџерите.
Посебно меѓу оние од ризичната популација каде СИДАТА е во пораст – како афроамериканците.
Во видео игрите се креирани сценарија кои им нудат правилен и погрешен избор на играчите. На пример во една фаза од играта играчот мора да одлучи дали ќе прифати да оди на забава каде што ќе се служи алкохол, или пак ќе ја одбие поканата и покрај тоа што целото негово друштво ќе биде таму.
Всушност неговиот избор ќе се одрази во понатамошните фази од играта, ќе биде победник или губитник. Играчот почнува како ученик во 7 одделение кој мора да мине низ неколку ризични фази што всушност се училишни години, па се до завршувањето на оваа фаза од образование. Играта им овозможува на играчите да се учат на грешките, да се вратат назад во почетното ниво и да ја разгледаат опцијата на поинакво ( правилно и безбедно ) играње.
Претходно, биле спроведени интервјуа со десетина момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 15 години, со цел прецизно утврдување на факторите што водат до ризично однесување на оваа категорија млади.