Сонцето во моментов е во интензивен еруптивен период, масивни и силни исфрлања на коронална маса која може да предизвика последици на земјата доколку нашата планета им се најде на патот. Засега нема знаци дека овој период на сонцето ке престане.
Со оглед дека сонцето сега е во својата активна фаза, во иднина не чекаат уште повеќе соларни бури. Сонцето како и земјата има временска шема само што циклусите на ѕвездите траат 11 години. Во овој момент во тек е соларниот циклус 24, а својот врв се очекува да го достигне во 2013 година. Минатата недела имаше неколку големи ерупции на сонцето, најголемата се случила на 6-ти јули веднаш по соларната бура класа Х1.1 која и понатаму останува најголема и која предизвикала прекин на радиобрановите на земјата. Ова е пета бура од класата Х од почетокот на оваа година, пренесува CBS News.
Минатата недела беа забележани неколку силни ерупции кои предизвикаа исфрлање на коронална маса, најверпјатно повеќето од нив потекнуваат од еден ист центар на сонцето, џиновските дамки AR 1515- сончеви пеги. Американската вселенска агенција НАСА проценила дека оваа група сончеви дамки се простира на околу 190 000 километри ширина поголема од 15 земји заедно. Само за потсетување, соларните ерупции – бури се поделени на класа А,B, C, M и Х. НАСА тврди дека само категориите С, М и Х може да имаат директно влијание на нашата планета.