Видео; Деца бараат цигара и прашуваат, a зошто ти пушиш? – нова кампања


Нова и иновативна и кампања со поента на една тајландска фондација која ангажирала деца, оценета како една од најефективните кампањи против пушењето.

Агенцијата ги најмила децата кој на улица им приоѓале на пушачите и им барале запалка како би ја запалиле цигарата.

Пушачите секако сите до еден им рекле – НЕ зошто пушиш ти си дете, а некој од нив дури им делеле и совети за штетноста на цигарите. Децата тогаш ги прашувале ,, а зошто тогаш ти пушиш?,, и им подавале рекламен флаер на кој пишувало ,, се грижиш за мене, а не се грижиш за себе,,

Ниту еден пушач кој бил жртва на оваа скриена камера не го фрлил флаерот, но речиси секој од нив ја фрлил запалената цигара. Она што е неверојатно е што голем број повици дошле до фондацијата од луѓе кои им велеле дека неможат да го извадат од глава прашањето на детето и сакаат да ги остават цигарите. Бројот на луѓе пак кои се јавиле и побарале совети како да ги остават цигарите се зголемил за 40 насто.

Погледнете ја кампањата.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1