Македонската фолк-пејачка Соња Тарчуловска, сопруга на Јохан Тарчуловски, е бремена по трет пат.
Двојката се појави во јавноста каде сите го забележаа трудничкото стомаче на Соња.
-Кога ќерка ми Мелани ми кажа дека, покрај братче, посакува да има и сестричка, јас бев пресреќна што можев да ја израдувам дека мама навистина ќе и ја исполни желбата. Но дали ќе биде токму девојче, се уште не знам, изјавила Соња за Убавина и здравје
Соња и Јохан го чекаат своето трето дете. Тие веќе ги имаат ќерката Мелани и синот Младен.