Попладнево околу 18 часот на магистралниот пат Битола – Кичево кај Демирхисарското село Желензец се судриле автобус кој сообраќал на линија Битола-Кичево и еден автомобил со битолски регистарски таблички, објави ТВ Орбис
Првичните информации од терен говорат дека повредени се двете лица кои се наоѓале во автомобилот од кои едното е малолетно дете. Со возило на Итната медицинска помош од Демир Хисар тие се префрлени и хоспитализирани во Клиничкиот центар во Битола.
Од автобусот нема повредено патници.