Сообраќајките со автобус , секојдневие на Индија. Најмалку 39 загинати


Најмалку 39 лица загинаа откако автобусот со кој се возеле завршил во една клисура во западна Индија, во државата Химачал Прадеш.

Локалните власти јавија дека автобусот откако завршил надвор од патот, паѓал 100 метри во Долината Чамба.

Началникот на полицијата, Рај Кумар изјавил дека најверојатно возчот загубил контола над возилото на една остра кривина на планината.

Спасувачката мисија е во тек и најверојатно бројот на загинати ќе расте, пренесува BBC.

Индија има највисока стапка на смртност поради несреќи со автобус. Најчесто проблем се неисправните автобуси во неразвиените делови на државата или пак невниманието на возачите.

Годишно, над 110 илијади луѓе умираат како последица на сообраќајни несреќи со автобус.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1