Доколку со автомобил минете низ кал и притоа извалкате некој минувач, следува казна, а доколку го испрскате само со вода ќе минете неказнето.
Возењето е една од најсуетните вештини на човекот, во моментот на стекнување со возачка дозвола најголемиот дел од возачите стануваат „безгрешни“ зад воланот, а не е така покажува статистиката на несреќи. Речиси никој не отворил книга да се потсети на возачките правила и прописи кои секојдневно свесно и несвесно се прекршуваат. Мала грешка, ќе рече некој занемарувајќи ги можните катастрофални последици.
Веќе е познато дека користењето на мобилен телефон е сообраќаен прекршок, а во Викторија ( сојузна држава во Австралија) телефонот не смее ниту со прст да се допре. Таму на пример, поздравувањето може скапо да ве чини, сирена, мавтање низ прозорец – заборавете! Доколку вашиот автомобил има вградено носач за велосипед, а немате поставено велосипед, готови сте. Доколку сте паркирани, и разговарате на телефон а притоа не сте го изгаснале моторот, следува казна.
Смешни правила има и соседната држава на Викторија, Нов Јужен Велс. Доколку со автомобил минете низ кал и притоа извалкате некој минувач, следува казна, а доколку го испрскате само со вода ќе минете неказнето. Доколку детското седиште не е правилно поставено следува удар по џебот, доколку појасот не ви е ставен правилно – казна, од друга страна пак, таксистите се вистински „газди“ зад воланот, не мораат да користат посебни седишта за превезување деца патници, а дозволено им е да возат и без појас. Какви нелогичности имаат некои земји, нашите сообраќајни правила се супер.