Спасовски со закана до вработените во МВР: Кривична за секој кој ќе ја почитува одлуката на Владата


И покрај одлуката на Владата со која се суспендираат сите поединечни решенија на министрите за МВР Оливер Спасовски и за труд и социјална политика Фросина Ременски донесени во изминативе пет месеци, Спасовски и Ременски се децидни дека немаат намера да ја почитуваат и инсистираат и вработените исто така да постапат.spasovski remenski

– Кривична пријава ќе заработи секој вработен во МВР што ќе ја почитува одлуката на Владата, вели Спасовски во интервју за Дојче веле, пренесува Република.

Тој оценува дека одлуката на Владата е незаконска, ништовна и невозможна и дека ќе предизвика хаос, а и несигурност кај граѓаните.

Кривични пријави доколку не се почитува одлуката на Владата најави и дополнителниот министер за полиција, Митко Чавков. Чавков исто така побара од Владата да му наложи на Спасовски да не смее да направи ниедна кадровска смена доколку нема потпис и од него.

И Ременски смета дека не само што Владата нема ингеренции да оспорува решенија на министри.

Официјално, на полноќна седница во четвртокот Владата повторно ги поништи сите решенија во периодот од ноември до април годинава на двајцата министри кои добија место во преодниот кабинет на Емил Димитриев со Договорот од Пржино. Владата се повикува на образложението дека за одлуките на министрите нема потпис од дополнителните заменици.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1