Во книгата на историчарката Софија Вури објавени се документи од пописот на учениците во еден интернат во Битола, во кои децата сами одговарале на прашањето на кој јазик зборуваат, пишува порталот МКД.
Освен македонскиот, во документите се регистрирани и албанскиот, влашкиот и грчкиот јазик.
Во книгата се обработува образовната политика на грчката држава кон Македонија во наведениот период преку друг метод на пропаганда што не бил поврзан само со наставата. Грчката држава стипендирала ученици од целиот регион (на списокот освен од Албанија, Егејска Македонија и од Македонија, има дури и ученици од Призрен и од Тракија) и ги праќала во овие интернати за да ги погрчува.
Целата сторија ОВДЕ.