Дел од обврските на Национален парк „Пелистер” во делот на наплатата за влез за моторизираните посетители во паркот, почнаа лани
Ќе се наплаќа влезница со паркинг и тоа се однесува само на оние кои користат автомобили, комбиња и автобуси, па според тоа влезницата е различна цена, односно 50 денари плаќаат автомобилите и мотоциклистите, 80 денари комбињата до 20 седишта и 150 денари за автобусите.
Националниот парк Пелистер прибраните средства ќе ги користи за инфраструктура и подобрување на понудата на паркот и хигиената во него но и за еколошки потреби.
Забрането е палење на оган
Забрането фрлање на смет
Забрането употреба на скара
Забрането водење на миленичина
Забранет лов
Забранет риболов
Забрането кампување и ноќевање на отворено и под шатори
Прекршочни санкции за физичките лица
(член 183-а Закон за заштита на природата)
Глоба во износ од 50 евра во денарска противвреднос доколку :
Остава, фрла или испушта отпад во Националниот Парк
Пали оган во Националниот Парк
Фрла отпушоци од цигари во Националниот Парк
Глоба во износ од 60 евра во денарска противвредност доколку :
Се движи надвор од патеката за посетители или на места забранети за посетители
Непримерно се однесува со заштитеното подрачје и притоа не постапува по укажувањата на чуварската служба во Националниот Парк
Се движи со мопед , мотор или моторно возило без дозвола од Управата на Националниопт Парк , вон асфалтен пат во Паркот
Создава бучава или на друг начин ги вознемирува заштитените диви животински видови
Глоба во износ од 70 евра во денарска противвредност доколку :
Не се легитимира на барање на чуварска служба од Националниот Парк
Сече дрва или кине или на друг начин уништува загрозени и строго заштитени видови на растенија во Националниот Парк
Лови , убива или на друг начин уништува загрозени и строго заштитено видови на животни во Националниот Парк