Откако вчера не им било дозволено да ја внесат медицинската опрема во авионот на „Рајан Ер“, одговорните лица на Ракометната федерација на Македонија решиле куферот тежок 75 килограми да го пратат со рентакар возило, возач е Никола Панчевски, директорот на репрезентацијата и Небојша Настов, лекарот на националниот тим, пишува порталот МКД.МК.
Опремата се уште не е стигната иако ракометарите вечерва треба да го имаат последниот (и единствен) тренинг пред мечот со Чиле.
Патот од Рим до Севилја е долг 2.355 километри, што е за 350 километри подолго растојание ако ковчегот со опрема тргнеше од Скопје до Севилја.
Барем ракометарите, конечно се сместиле во официјалниот хотел каде што се селекциите учеснички на ракометниот Мундијал, пишува МКД.МК
Извор – МКД.МК