„Србија да подигне ѕид на границата со МАКЕДОНИЈА“


Српската народна партија (СНП) смета дека Србија треба, како Унгарија, да подигне ѕид на границата со Македонија, бидејќи само така може да го спречи приливот на мигранти, пренесе Танјуг.granica-ograda-zica migranti0

Како што наведува, „2.000 луѓе секој ден, од Блискиот исток и северна Африка пристигнуваат во нашата земја“.

„Крајно време е да почнеме да се однесуваме како секоја земја од западна Европа која на прво место го става својот, а не туѓиот интерес“, се наведува во соопштението на СНП, потсетувајќи на заштитната ограда која Унгарија ја поставува на границата со Србија.

Од партијата потсетуваат дека според дефинициите на ОН и ЕУ, „бегалци се оние кои бегаат од војна, азиланти се лица кои се загрозени во татковината поради своите политички ставови, а мигранти се оние кои се преселуваат во потрага по подобар живот“.

„Во Србија немаме официјален став за која категорија луѓе станува збор, освен што секојдневно пристигнуваат алармантни вести од официјални кругови дека до крајот на годинава ќе бидат поднесени 100.000 барања за азил, што нас ќе не чини дополнитилни 150 милиони евра, а во јужниот дел од земјата ќе се гради монтажен град за дури 400.000 азиланти“, се додава во соопштението на партијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1