Средношколка во Велес казнета за Фејсбук статус


На средношколка од велешката гимназија и беше изречено „незадоволително” поведение, поради напишана критика за училиштето на фејсбук статус.

Револтирана од како што вели, грубото однесување на наставниците кон учениците кои не носеле униформа на патронатот на гимназијата, Илина Димовска ова го споделила на нејзиниот профил.fb_status

“Ниво на ретардација: непотенцирани поединци од службата и кадарот на Гимназија, кои се обидуваат да ти ја убијат индивидуалноста на училиште”, напишала Илина на нејзиниот ѕид на Фејсбук.

Настанот се случил лани, во средината на ноември, на патронатот на Гимназијата. Илина е ученик од трета година, и била дел од приредбата. Од бината била сведок на бркањето ученици од салата, што ја револтирало.

“Учениците што не носеа униформи, беа бркани од салата. Тоа ме погоди, поради што на ФБ напишав статус дека пробуваат да ни ја убијат индивидуалноста.” – вели Димовска.

Еден месец подоцна била викната на разговор, каде и рекле дека со нејзиниот статус ширела омраза и навреди.

На  крајот на полугодието нејзиното поведение било оценето како незадоволително.

Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи ќе отвори постапка за гимназијалката Илина Димовска поради реперкусии од училиштето.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1