Српски пејачи краделе песни – сега ќе си платат 6 милиони – еве за кои песни


Цеца, Аца Лукас, Емина, Карлеуша… во паника: Мора да им платат милиони евра на Грците оти им ги украле песните.

Српските пејачи Аца Лукас, Јелена Карлеуша, Цеца Ражњатовиќ, Емина Јаховиќ, Жељко Самарџиќ, Саша Матиќ, Гога Секулиќ, Драгана Мирковиќ и Ацо Пејовиќ се на списокот на ,,крадци,, на песни кои ќе бидат удрени по џебот.

ceca-aca-jkСтанува збор за вкупна оштета од 6,1 милион евра за композиции на грчките пејачи кои во текот на изминатите 15.тина година без никакви отстапени права биле снимани и објавувани на албумите на пејачи од регионот.

Родољуб Стојановиќ, директор на фирмата „Риком Паблишинг“, која ги застапува правата на грчките автори во спорот со српските пејачи и композитори вели дека постојат десетина песни кои се спорни.

– Постои поширок список на изведувачи, не се работи само за еден или два пејачи. Не би зборувал сега за имиња, затоа што некои пејачи се колатерална штета затоа што некои композитори ги навлекоа во целава оваа мешаница – вели тој за српски Телеграф.

Список од околу 30 песни му е доставен на СОКОЈ преку кој вистинските автори на хитовите со кои се гордееше српската естрада, бараат надоместок за своите композиции. Одамна се знае дека некои од најголемите хитови на српската естрада се всушност плагијати од Грција. Карлеуша отишла и чекор подалеку, па дури на некои композиции и самата се потпишала како автор. На песните на Аца Лукас потпишан е Фута. Грците прво се обидуваат вонсудски да се разберат со композиторите или пејачите, а што ќе биде останува да видиме.

Еве дел од списокот на спорните песни.

Жељко Самарџиќ – Безобразно зелене
Ацо Пејовиќ – Непоправљиво
Гога Секулиќ – Гаќице
Шако Полумента – Дишем за тебе
Саша Матиќ – Краљ изгубљених ствари
Цеца – Тачно је
Амадеус бенд – Оверен
Адил – Од усана до стопала
Драгана Мирковиќ – За мене си ти
Бобан Рајовиќ – Југославијо
Емина Јаховиќ и Саша Ковачевиќ – Још ти се надам
Јелена Карлеуша – Још те волим
Аца Лукас – Лична карта

Аца Лукас – Песма од бола

Antipas – Gia ta lefta ta kaneis ola

 

Јелена Карлеуша – Још те волим

Despina Vandi – Ypofere

 

 

Емина Јаховиќ и Саша Kовачевиќ – Још ти се надам

Mihalis Hatzigiannis – Den eho hrono

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1