Горан Кенжевиќ, српскиот министер за земјоделство подели скоро 1500 откази на факултетски образовани агрономи по СМС и електронска пошта.
Причината како што е официјално соопштена е дека ќе се чуваат парите за фондот за суши и црни денови.
Проектот опфакал околу 1500 квалификувани агрономи кои ја чинеле државата 500 милиони динари на квартално ниво, бидејќи нивните договори биле продолжувани на секои 3 месеци.
Просечната плата била околу 40,000 динари, а поголем дел од агрономите работеле со години. Сепак, тоа не била доволна причина за министерот да ги испочитува и да им ги потпише и даде писмено решенијата за отказ, туку со една спам СМС биле известени поголемиот дел од нив.
За отказите, дел од сега отпуштените агрономи не ни знаеле, туку биле известени од своите колеги.