Диносауруси во сегашноста, богат австралиец полуде!!!


Заедно со екипата што ја клонираше најпознатата овца, Доли, Клав ќе се обиде да ги воскресне диносаурусите и да создаде вистински Парк Јура.


Ако не сте бизнисмен или политичар,името Клајв Палмер нема да ви значи многу. Сепак овој ексцентричен милијардер е решен да влезе во аналите на историјата и да стане поголем и од Исус.

Додека Исус воскреснувал само добри луѓе, Клајв има зацртано да воскресне нешто, благо-речено порептилно и поџиновско.

Заедно со екипата што ја клонираше најпознатата  овца, Доли, Клав ќе се обиде да ги воскресне диносаурусите и да создаде вистински Парк Јура. Според неофицијални извори Палмер веќе има ДНА од некои примероци на изумрените влекачи, сепак австралиецот ги избегнува медиумите и несака да коментира ништо околу како што го нарече „викендашки проект“.

Ова не е единствениот чуден проект на Палмер, тој има замисла да направи реплика на Титаник во вистинска големина, која ја нарекол Титаник 21 век.

Tags: , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1